Нови реакции на обвинувањата за случајот со бонусите на Коцевски и СЈО

Советот на јавни обвинители од медиумите слушнал за обвинувањата на обвинители од Вишото обвинителство за притисоци од главниот обвинител Љупчо Коцевски да се внимава во предметот за СЈО и бонусите кои ги делеле, со укажување да не се даде својство на ВМРО-ДПМНЕ на оштетен. Од Советот рекоа дека собираат информации за тоа што се случувало.

Вишиот обвинител Јован Цветановски кој го води случајот, вели се собира документацијата и ќе се бара одржување јавна седница во Советот на обвинители. Тој што треба мене да ме заштити од закани и притисоци, вели Цветановски, веќе не е заштита. Ниту во Министерството за правда немаат повеќе информации за случајот.

Министерот Игор Филков, рече треба да видиме за што се работи. И додека вишиот обвинител Цветановски вели дека за прв пат се соочил со ваков тип закана и дека одлуката за случајот бонуси во СЈО ќе биде независна. Јавното обвинителство ги негираше тврдењата од вишите обвинители и посочија дека никогаш никому не е вршен притисок за кој било предмет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*