Комесарот за проширување Оливер Вархеји изјави дека првите исплати на средства во рамките на Планот за раст се очекува да бидат извршени веќе овој месец.
Сега, рече тој во вторникот, часовникот отчукува кандидатите да започнат со спроведување на реформите за да може да се постигне напредок во однос на понатамошните плаќања.
Планот, нагласи и комесарот, ќе ги забрза сите реформи потребни на патот кон членството. Според него, после тоа земјите повеќе нема да имаат изговор и мора да се подготват за влез во ЕУ.