Честитки за Тирана за почетокот на преговорите со Унијата, но истовремено жалење за тоа дека и покрај заслуженото и Македонија не ги отвори поглавјата, став на Владата. Продолжуваме со објаснување на нашите политики за деблокада на процесот, изјави портпаролката Митева.
„Од страна на Германија остануваме со силна поддршка во насока на продолжување на евроинтегративниот процес. Ги презентиравме нашите позиции во однос на блокадата и секако како Влада ќе продолжиме да зборуваме и да ги презентираме нашите ставови и да го деблокираме процесот во којшто се наоѓа Македонија“, изјави владината портпаролка.
“Се сомневаме во искреноста на нивните намери, а поранешниот шеф на дипломатијата најмалку има кредибилитет да зборува за оваа тема”, рече денеска владината портпаролка Марија Митева во врска со ставот на Бујар Османи да се донесат уставните измени, но со клаузула според која нема да важат ако Бугарија во наредните пет години продолжува да го блокира нашето членство во ЕУ.