Министерката Кочоска е против ограничување на маржите, но го поддржува Законот за нефер трговија.
За одлуката со која се ограничи бруто профитната маржа за околу 70 производи кои се дел од таканаречената есенска кошничка, смета дека е комплексна мерка која нема да даде резултати, затоа што државните институции немаат капацитет да проверуваат дали се почитува. Ова им го кажала и на своите колеги, но на крајот Владата одлучила спротивно.
Смета дека има други начини за борба со високите цени, како на пример одредени попусти- одлука која се спроведувала во Унгарија при висока инфлација.
“Никогаш не можам да се согласам со таква мерка за замрзнување на цени, маржи затоа што се сложени методологии за пресметка и сметам дека во државните институции нема доволно капацитет да се пресметуваат и проверуваат тие маржи. Но, на крајот ставот на Владата е тој, со тоа што во периодот кој следи очекувам да има промени во тој дел да не продолжуваме на истиот овој начин затоа што сметам дека ефектите нема да бидат толку големи колку што се очекува, вели министерката за финансии”, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.