Мицкоски, Мисајловски и Агелер ја набљудуваат вежбата во КТА

Припадниците на Армијата од лесната пешадиска борбена група реализираа вежба со боеви гаѓања, демонстрирајќи ги капацитетите и способностите на Македонската армија.

Македонија како членка на НАТО мора постојано да инвестира во одбраната, за нашата Армија да одговори на стандардите на Алијансата. За постигнување на целта, клучно е сојузништвото со стратешкиот партнер САД.

„Владата во соработка со САД, со сите земји членки на најсилната Алијанса да овозможиме што подобри услови за војниците и старешините да бидат Армија која ќе биде способна да одговори на сите предизвици. Да ја заштитиме државата, заедно во соработка со нашите стратешки партнери. Армијата ќе се подобрува, секогаш ќе биде уште подобро. Ќе ги градиме капацитетите, она што го очекуваат граѓаните и потребите што ги наметнува членството во НАТО“, изјави премиерот Мицкоски.

Владата ќе продолжи да инвестира во одбранбени капацитети и во човечки ресурси – тоа ќе значи силна Армија која ќе придонесе за мир и стабилност, вели министерот Мисајловски. Засега не се разговара за враќање на воениот рок.

„Покрај овие системи ќе има и друга модерна опрема која дополнително ќе биде инсталирана. Како членка на НАТО треба да инвестираме во нова опрема. Ќе продолжиме да инвестираме во одбранбени капацитети во човечки ресурси што ќе значи силна армија. Треба да придонесеме за мир и стабилност преку нашето учество во мировните операции“, изјави министерот Мисајловски.

Амбасадорката на САД Агелер ја потврди силната поддршка на стратешкиот партнер и НАТО Алијансата.

Воената вежба ја следеше и американската амбасадорка Анџела Агелер. Таа со пофални зборови за можноситите кои ги нуди полигонот Криволак. Смета дека е уникатен полигон кој е од големо значење за НАТО.

Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ја истакна важноста на модернизацијата и опремувањето на Армијата како примарна НАТО цел на способност со обврска да биде оценета и борбено подготвена до 2027 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*