Бугарското Министерство за надворешни работи повторно го отфрли унгарскиот предлог за посредување

Бугарското Министерство за надворешни работи во петокот повторно го отфрли предлогот на Виктор Орбан, односно Унгарија, во својство на претседавач со ЕУ, за посредување во процесот Скопје-Софија, велејќи дека процесот на интеграција е заснован на сопствени заслуги и не овозможуваат посредување меѓу ЕУ и земјата кандидат.

Единствена гаранција за успех е исполнувањето на поставените критериуми, додаваат од институцијата.

Следниот ден премиерот Христијан Мицкоски рече дека Бугарија сака да го вовлече својот западен сосед во својот предизборен период. Премиерот на Северна Македонија рече и дека е подготвен за разговори, но не и за уцени и ултиматум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*