40 лица побарале медицинска помош поради вдишување чад по пожар во зграда во Чаир

Со кран од кров се евакуирани повеќе од 60 жители на зградата, а останатите 40-тина од пониските катови успеале да се извлечат преку скалите.

100тина луѓе се евакуирани, над 40 побарале лекарска помош заради вдишување на чад – пожар избувна во подрум од зграда во Чаир. Но потоа откако беа спуштени од кровот уште најмалку 35 луѓе, од кои 12 деца, побарале помош на Токсикологија и на детската клиника.

Пожарот бил опасен, велат од скопската противпожарна бригада.

Полицијата и обвинителството ќе почнат увид и ќе отворат истрага за да утврдат како избувнал пожарот поради кој луѓе бегаа на кров и се спасуваа со кранот на пожарникарската бригада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*