Оваа ротација во ДИК претставува усогласување со постизборната промена на партиите од власт во опозиција и обратно. Според Изборниот законик, опозициските партии предлагаат претседател и два члена, а владеачките имаат мнозинство со четворица членови.
Членот на ДИК Борис Кондарко ќе биде претседател на Државната изборна комисија. Досегашниот претседател Александар Даштевски останува член. Кондарко е во Комисијата од јули 2018-та, а претседателската функција ја извршуваше и во периодот 2011 – 2013-та.
Донесе одлука за распишување оглас за избор на двајца нови членови на ДИК на местото на Бобан Стојановски (ВМРО-ДПМНЕ), кој беше член на ДИК а стана заменик – генерален секретар на Собранието, додека Радица Ристеска (СДСМ) заминува во пензија
Пратениците ги избраа членовите и нивни заменици на Комисијата на Собранието на Република Македонија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.
Претседател на Комисијата за правична застапеност е Талат Џафери, пратеник на ДУИ, а членови Ѓорѓија Сајкоски, Дафина Стојановска, Антонијо Милошоски, Александар Велјановски, Драган Ковачки, Драган Неделковиќ, Салим Сулејмани, Илир Демири, Сали Мурати, Миле Цеков, Фатмир Битиќи и Соња Мирковска.
Пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ денеска кажа дека нејзината пратеничка група ќе го поддржи формирањето на оваа комисија, која, според неа, е резултат на соработката на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ.
На седницата на натамошно читање беа дадени измени и дополнувања на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, по скратена постапка, се имплементираат препораките од Извештајот од 5-от круг на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање тероризам на Комитетот MONEYVAL при Советот на Европа, усвоен во мај 2023 година, усогласување со законодавството на ЕУ, заклучок на Владата на Република Северна Македонија и др.