ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања до претходниот кабинет

„Владата на СДС и ДУИ исплаќала пари за проекти за кои немала целосна евиденција дали средствата се потрошени за намената за која и се префрлени“, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„ДЗР во својот извештај за 2021 година нотира дека Владата на СДС и ДУИ за потпроектите кои се дел на Проектот за локална и регионална конкурентност, исплатата кон добавувачите ја врши од буџетот на Владата, при што Владата нема целосни информации за искористеноста на средствата за намената за која е планирана програмата како и податоци дали градежните објекти и опремата се целосно евидентирани како државен имот кај крајните корисници.

Владата на СДС и ДУИ префрлале милиони, а не знаела дали и како се потрошени средствата. Ова не е констатација на ВМРО-ДПМНЕ, ова го утврдил Државниот ревизор”, изјави Лефков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*