Предлог-законот за бранителите сè уште е заглавен во Комисијата за социјална политика

Пропадна уште еден обид Законот за бранители да се најде на дневен ред на матичната комисија. Претседателката Илире Даути повторно не дозволи пратениците да се изјаснат дали за предлог-законот воопшто треба да се дискутира.

Пратениците од СДСМ бараа тој да биде вметнет на дневниот ред, но Даути се правда – поминало времето.

“Барам предлог-законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија, членовите на нивните семејства поднесен од пратеничката Славјанка Петревска да биде ставен како точка на дневен ред”, вели пратеничката Јована Тренчевска.

“Според Деловникот со кој ние работиме поминаа сите временски рокови и вие знаете дека таа точка е предложена на 11-ти, и од тој ден до денеска поминаа повеќе дена и рокот беше од 6 до 24 часа кога можев да го додавам”, вели Илире Даути.

Пратениците од власта велат, самоволието на Даути нема да биде толерирано. Пратеничката Ели Панова најави интерпелација ако пратеничката Даути од Алијанса на Села не го стави на дневен ред. За пратениците Албанци спорно е што во Законот не се вметнати припадниците на УЧК.

“Таков закон нѐ враќа во времето и во 2001-та. Во тој конфликт имаше две страни”, вели Даути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*