Институциите добиваат насоки за балансери од Министерството за јавна администрација

Министерството за јавна администрација даде насоки за постапување на институциите од јавниот сектор по одлуката на Уставниот суд за замрзнување на алатката „балансер“ при вработувањата во јавната администрација.

Оттаму посочуваат дека веќе започнатата постапка за вработување во институциите од јавниот сектор се прекинува, ако јавниот оглас за вработување во институција од јавниот сектор е изготвен согласно актите односно одредбите кои се опфатени во точка 1 од Решението на Уставниот суд (т.е. во јавниот оглас се наведува припадност на заедница, а пак кандидатот се обврзува во пријавата да ја истакне припадност на заедница).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*