Претседателката Гордана Силјановска Давкова во петокот на социјалните мрежи објави фотографија од неа, американскиот колега Џо Бајден и неговата сопруга Џил Бајден.
„Срдечен поздрав како знак на меѓусебно разбирање и поддршка. Ја изразив мојата благодарност за инспиративните обраќања на @POTUS [Џо Бајден] и неговата сопруга Џил на приемот на шефовите на држави“, рече таа во објавата на X (поранешен Твитер).