Бугарија ја отфрли понудата на Унгарија да биде посредник во процесот Скопје-Софија

Неколку часа по понудата на Унгарија да биде посредник во спорот Скопје-Софија, во својство на претседавач со ЕУ, Бугарија соопшти дека ја одбива.

Привремениот министер за надворешни работи на земјата, Иван Кондов, изјави дека на Софија не и требаат посредници во процесот бидејќи договорот на ЕУ со Северна Македонија е јасен.

Исто така, бугарскиот претседател Румен Радев повторно рече дека нема да има напредок на патот на Северна Македонија во ЕУ додека не се направат уставните измени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*