Уставниот суд нема да расправа за Законот за јазиците во октомври

Законот за употреба на јазиците ќе биде ставен на седница на која ќе присуствуваат сите девет уставни судии, со оглед на значењето и интересот во јавноста, информираат од Уставен суд.

Оттаму дополнуваат дека тоа нема да биде во октомври, бидејќи е најавено отсуство на дел од судиите. Предметот во кој е оспорен Законот за употреба на јазиците ќе биде ставен на седница на која ќе присуствуваат сите девет судии, со оглед на значењето и интересот во јавноста.

Во текот на следниот месец, октомври, предметот не е предвиден за дневен ред на некоја од седниците поради најавеното отсуство на дел од судиите кои се потврдени како говорници на меѓународни настани надвор од државата, но и поради приватни причини.

Веднаш штом ќе биде ставен на дневен ред, јавноста ќе биде информирана, велат од Уставен суд.

Предметот за Законот за јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија, а е оформен од 2019 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*