Министерот Муцунски се сретна со естонскиот Цахна и со Ал Хашиму од ОАЕ

На вториот ден од 79. Генерално собрание на Обединетите Нации, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари две одвоени средби со министерот за надворешни работи на Естонија, Маргус Цахкна и министерката за меѓународна соработка на ОАЕ, Реем Ал Хашиму.

На средбата со министерот Цахкна, беа потврдени одличните билатерални односи и волјата на двете страни за продлабочување на соработката.

Беше потенциран и заедничкиот интерес за интензивирање на заемните односи, со посебен акцент во областа на економијата, трговската размена, дигитализација и современите технологии.

Истовремено, беа нагласени и партнерскиот однос и соработката во рамки на НАТО Алијансата, како и во процесот на нашето пристапување во Европската Унија.

Во рамките на средбата со министерката на Обединетите Арапски Емирати, Ал Хашиму, беше констатиран досегашниот развој на пријателските односи меѓу двете земји, а беа поздравени и економските односи и соработката на мултилатерален план.

Соговорниците разговараа и за можностите на унапредување на договорната рамка, како и соработката на полето на културата и образованието.

Воедно, беа разменети мислења и за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните меѓународни прашања и регионални теми, соопштуваат од Министерството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*