Во однос на балансерот и законот за јазици вели дека тие се во Уставниот суд повеќе од пет години и оти не верува дека токму сега Судот требало да ги актуелизира овие теми.
“Само човек да биде малоумен па да верува дека баш сега во првите сто дена Уставниот суд треба да ги актуелизира овие две теми. Замислете пет години се барањата за балансерот и за употребата на албанскиот јазик, и баш сега се актуелизира и претседателот на Уставниот суд го става на дневен ред за да покаже дека ете треба нешто ново. Ние генерално сме усогласени и сме кажале дека треба закон за правична застапеност, не само на етничките заедници, туку правична застапеност на сите категории кои живеат во државата, така што ќе видиме со закон да го покриеме ова што се трга балансерот”, вели Таравари.
Укажува дека сите политички партии се свесни за злоупотребата на балансерот и дека владејачко мнозинство ќе изнајде решение за да можат припадници на сите заедници да бидат застапени во институциите.
Партиите од коалицијата Вреди по локалните избори ќе одлучуваат дали ќе се спојат во една политичка партија.