Советот на ЕУ во средата соопшти дека усвоиле мерка за помош во рамките на Европскиот мировен фонд (ЕПФ) вредна 13 милиони евра со цел зајакнување на капацитетите и способностите на Армијата на Северна Македонија.
„Мерката за помош ќе ги зајакне капацитетите на Северна Македонија во однос на нејзиното учество во операциите и мисиите на Заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ (CSDP) и другите меѓународни мисии.
Денешната одлука дополнително ја илустрира зголемената поврзаност со Северна Македонија за безбедност и одбрана. Тоа ја одразува доследната посветеност на партнерите за унапредување на нивната соработка во оваа политичка област, во целосна усогласеност на Северна Македонија со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ“, се додава, меѓу другото, во соопштението.