Грција ќе остане пионер за евроинтегративните напори на земјите од Западен Балкан, вклучително и за Македонија–ова е пораката која грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис ја упати по средбата со македонскиот колега Тимчо Муцунски.
Но, повтори и дека официјална Атина очекува меѓународните договори да се почитуваат, без конкретно да го невде Преспанскиот договор.
“Имав можност да ја истакнам за време на состанокот на групата Пријатели на Западен Балкан – а потоа и на мојата средба со министерот за надворешни работи на Македонија – неопходноста европската перспектива да остане активна на доследен начин. Се разбира, тоа мора да се направи со апсолутно почитување на европското законодавство и меѓународното право, а особено на меѓународните договори”, изјави Герапетритис – Министер за надворешни работи на Грција.