Левица размислува за поднесување кривична пријава против Гаши

Левица размислува да му поднесе кривична пријава на спикерот Гаши за пречекорување на дискрециони овластувања.

Со неговото паушално и злонамерно толкување, тој само добива уште поголеми ингеренции во свои раце и филибастерингот од опозицијата премина кај спикерот, вели пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев за несвикувањето на собраниската комисија за социјална политика за Законот за бранителите.

Според Апасиев, спикерот го крши Деловнбикот и тука постојат два моменти – политички и правен. Правен е, како што вели, на страната на претседателот на Собранието, Африм Гаши и Левица размислува да му поднесе кривична пријава за пречекорување на дискрециони овластувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*