СДСМ: Ветувањето на Мицкоски за укинување на балансерот е докажано лажно

„Министерот за јавна администрација кој доаѓа од партијата ЗНАМ призна дека балансерот останува на сила. Иако пред само две недели сосема друго зборуваше. Со ова принзнание потона уште едно ветување на Христијан Мицкоски“, одговори портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на новинарско прашање.

„Наместо укинување на балансерот како што ветуваше ДПМНЕ сега имаме надграден и проширен балансер за чија примена ќе биде надлежно Собранието а ќе го раководи ДУИ. За многу кратко време време власта на ДПМНЕ си ги погази сите дадени ветувања пред граѓаните. А ЗНАМ се покажа дека не е никаков фактор во Владата, неми извршители на желбите на Мицкоски“, додаде Кузеска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*