Владата назначи нови членови на македонско-бугарската комисија

Владата на Северна Македонија на седница одржана во вторник попладне го именуваше универзитетскиот професор Ванчо Георгиев за нов претседател на македонскиот тим во македонско-бугарската комисија за историски прашања.

Георгиев ќе го замени Драги Ѓоргиев, кој беше на чело на Комисијата во изминатиот период, а неговата смена доаѓа откако премиерот Христијан Мицкоски изрази незадоволство од неговата работа и работата на дел од членовите на македонскиот тим.

Ванчо Георгиев веќе беше член на македонскиот тим, но реши да се повлече, тврдејќи дека се соочил со одредени притисоци од претходната власт.

Владата за нови членови на македонскиот тим во Комисијата ги именуваше и професорите Александар Литовски, Митко Панов, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*