ДУИ ќе ги поддржи измените на Законот за локална самоуправа

Опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) ќе ги подджи измените на Законот за локална самоуправа со кои се предвидува продолжување на мандатот на актуелните в.д. градоначалници во Сарај, Аеродром и Гостивар до редовните локални избори во октомври идната година, објави Телевизија 24.

Законските измени ќе се најдат во Собранието в среда. За да бидат усвоени, измените треба да добијат двотретинско, но и бадентерово мнозинство од пратениците.

Ако Предлог-законот не помине, тогаш во Сарај, Аеродром и Гостивар до крајот на годината ќе треба да се одржат вонредни избори за градоначалници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*