Поради одлуката на екс директорката на УЈП Сања Лукаревска за групно откажување на договорите за вработувања и склучувањето на нови договори во изборен период Антикорупциската комија поднесе иницијатива до обвинителството за гонење на Лукаревска за „несовесно работење во службата“.
Незаконитост и формално-правните неправилности ги констатираа и ДКСК и Државниот инспекторат за труд, кој донесе одлука за поништување на договорите на 129 вработените во УЈП, кои биле потпишани врз основа на нерегуларни правилници за работа.
“Вработените во УЈП мораа да добијат нови договори согласно измените на Законот за УЈП, а целиот процес е воден со посебна работна група, со тим за функционална анализа, со почитување на законски рокови”, изјави за „Слободен печат“, поранешната директорка на УЈП, Сања Лукаревска која во февруари годинава ја потпиша одлуката со која овие вработени од административни станаа даночни службеници и добија повисоки плати.
Актуелната директорка на УЈП Елена Петрова предупреди дека по по одлуката на Трудовиот инспекторат овие вработени ќе треба да ги вратат парите, и додаде дека се бара „најбезболно решение“.