Мицкоски: Владата ќе ја почитува судската одлука за Законот за употреба на јазиците

„Оваа влада ќе ги почитува законите и уставот без разлика дали ни се допаѓаат тие судски одлуки или не”, изјави премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја иницијативата за оценување на уставноста на Законот за јазиците.

Тој рече дека нема потреба да се политизира одлука која потекнува од Судот и дека каква било пресуда да донесе највисокиот суд во државата, мора да се почитува.

Но, Мицкоски не ја отфрли можноста за промена на одредени членови во законот или за ново решение. Мицкоски побара да не се врши притисок, а пресудата да не добие политичка конотација, со предрасуди да се загрози стабилноста на власта или државата.

Тој за ова прашање, исто како и ВЛЕН вчера, ја обвини ДУИ и СДСМ зашто донеле ваков закон.

Претседателот на Владата рече дека сите одговори за уставноста на овој закон се јасно кажани од Венецијанската комисија. Мицкоски рече дека прашањата не можат да се решаваат како на шведска маса, затоа судските одлуки се судски одлуки, а политичките се политички одлуки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*