Министерката за образование Весна Јаневска на прес-конференција рече дека се е подготвено за почетокот на новата учебна 2024/2025 година во понеделник на 2 септември.
„Првпат, по седум години, учебната година ќе започне со сите учебници испорачани навреме во сите основни училишта во земјава, освен учебниците за странски јазици, бидејќи претходното раководство ја поништи јавната набавка, а сега институциите постапуваат по претставка од фирмата што ги печати книгите.
Учебната година започнува утре, а ќе заврши на 10 јуни 2025 година и нема да има пролетен распуст, како што беше случај оваа година. Во 140 училишта воведуваме настава само во една смена“, рече Јаневска.