Коалицијата „Сите за правично судење“, почнува проект финансиран од Британската амбасада со кој ќе се проверува како Судскиот совет ги спроведувал дисциплинските постапки.
Целта е да се утврди дали во иднина треба да се менува законското решение или да се интервенира во праксата.
Дали причина за незадоволството е во законот или во постапувањето на членовите на Советот треба да покаже претстојното истражување на Коалицијата „Сите за правично судење“ кое ќе опфати 20 завршени дисциплински постапки за судии од кривичната и од граѓанската материја.
Дека во земјава се воделе многу дисциплински постапки против судии во 2015-тата укажала и Венецијанската комисија. Проектот ќе трае до март 2025 година.
Резултатите, меѓу останатото треба да ја унапредат надзорната и контролна улога што Советот ја има врз работата на судиите.
Истражувањето што беше спроведено од Здружението на судиите и Здружението на јавните обвинители во соработка со Државната комисија за спречување на корупција и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, каде мнозинството судии, преку 50 проценти од судиите, истакнаа недоверба и незадоволство во начинот на кој се спроведуваат ваквите дисциплински постапки.