Владата и СДСМ продолжуваат да тргуваат со обвинувања за случајот Рамадани

И власта и опозицијата со повик до Обвинителството итно да отвори случај за бегството на Блерим Рамадани од куќен притвор, но, социјалдемократите сметаат дека ќе се докаже дека тоа било организирано со луѓе од МВР, а премиерот Мицкоски дека ќе се отфрлат сите сомнежи.

Од СДСМ побараа јавно да се објават снимките од камерите на граничниот премин „Блаце“.

Од власта, пак, тврдат дека никој во МВР не дозволил бегство на Рамадани и бараат министерството да го тужи за клевета пратеникот на СДСМ. Првиот човек на владата Мицкоски посочи дека без справување со криминалот нема напредок на државата.

Позитивно е што за убиството кај „Мавровка“ брзо се откриени и приведени сторителите коишто избегале од затвор во време на раководство на затворот назначено од СДСМ и ДУИ.

Мицкоски не сакаше да открие детали, но објави дека властите следат три криминални групи осомничени за тешки криминални дела и тероризам коишто наскоро ќе бидат познати на јавноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*