Мицкоски: Почнаа консултациите за повеќе амбасадорски позиции

“Започнати се консултации за повеќе амбасадорски места, за што ќе информираме во периодот што следи”, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали се започнати консултациите за нов амбасадор во Обединетите нации по оставката на амбасадорот и постојаниот претставник Љубомир Фрчкоски.

Во однос на актуелната дипломатска мрежа на земјава, Мицкоски рече дека има причина за незадоволството на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

“Кај нашиот стратешки партнер САД, во Амбасадата, имаме две вработени лица, а во Мисијата на ОБСЕ од две, имаме 12. Ако сме стратешки партнер со САД треба така и да се однесуваме. Не само да мавтаме со знамето, треба и со дела да покажеме дека навистина сме стратешки партнер”, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на општина Петровец, каде присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на спортска сала.

Според Мицкоски, некој ја приватизирал и партизирал таа институција и сега веќе, како што нагласи „полека, но сигурно се ослободува“.

Мицкоски, исто така, најави проемни и во Мешовитата комисија.

“Мислам дека ќе има кадровски промени таму многу скоро. Периодов што следи, мислам овој месец или почетокот на септември”, изјави Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*