Мицкоски порача граѓаните да се чувствуваат безбедни, најави тужба против Петровска

По двата инциденти во Скопје, во кои едно лице беше убиено, премиерот Христијан Мицкоски порача дека граѓаните треба да се чувствуваат безбедно и слободно. Тој нагласи дека ќе се борат против криминалните структури во земјата.

„Криминални структури имало и ќе има. Во овој период на транзиција поединци земаат замав, некои се охрабрени од некои центри на моќ. Но ние ќе се бориме и ќе ги победиме. Ваквите криминални битанги ќе завршат онаму каде што им е местото, ве уверувам во тоа“ рече Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски, најави тужба против Славјанка Петровска, по нејзините обивинувања дека тој извршил убиство.

„Не и е првпат на Славјанка Петровска да нанесува удар на мене и моето семејство. Таа мене за жал монструозно ме обвини. Тоа јас го составам на нејзината чест и совест. Не сакам да навлегувам во длабочината на нејзината мисла. Се консултирав со мојот правен тим и ќе покренам тужба бидејќи би сакал органите, судот, до крај да го расветлат ова, да видат со какви докази располага Петровска, дека јас сум нарачувал убиства.

Јас имам семејство, тоа фунцкионира низ градот. Не би сакал да се најде во непријатна состојба, бидејќи би рекол, одредени политичари се обидуваат да спечалат некој политички поен. Не и е првпат и не верувам дека и е последен“, рече Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*