Првиот вицепремиер Изет Меџити го дели ставот на премиерот Христијан Мицкоски дека луѓето со темни пари сакаат да има дестабилизација во државата за да се спасат.
Сепак, како што истакна во четвртокот, не верува дека тоа ќе се случи.
Во однос на прашањето за Балансерот, европскиот фронт предводен од ДУИ испрати порака дека алатката треба да остане недопрена од властите.
Од друга страна, премиерот Христијан Мицкоски рече дека времето на алатката е завршено, додавајќи дека нејзиното укинување е препорака од ЕУ, која утврдила низа случаи на експлоатација кога станува збор за декларирање на нивната етничка припадност.