Во четвртокот, лидерот на ДУИ Али Ахмети се сретна со евроамбасадорот Дејвид Гир.
Тие разговараа за патот на Северна Македонија во ЕУ, Охридскиот рамковен договор (ОРД), Договорот со Бугарија, преспанскиот договор, реформите во согласност со очекувањата на ЕУ и прашањето за изборниот легитимитет.
Ахмети, соопшти ДУИ во соопштението, ја елаборирал нацрт-платформата за легитимитет.
„Лидерот на ДУИ разговараше и за тенденциозните предупредувања на премиерот Христијан Мицкоски за дестабилизација, истакнувајќи ја загриженоста за потенцијално намерно инсценирање од страна на власта преку обвинувања против други со цел да се дефокусира јавноста од неуспесите на властите.
ДУИ е посветена на стабилноста, безбедноста, мирот, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и европската интеграција и ги отфрла сите политичко-владини исценирани обиди за дестабилизација“, додаваат од партијата.