СДСМ во вторник упати остри критики до ВМРО-ДПМНЕ за одлуката донесена во Собранието за формирање Комисија за следење на правичната застапеност на етничките заедници.
„ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ја труе јавноста со прес-конференции на кои наводно ја напаѓа ДУИ. Сепак, нивната коалиција функционира одлично во позадина. Денеска бевме сведоци дека ВМРО-ДПМНЕ спроведе една од зделките на коалицијата ВМРО-ДУИ.
Формирано е тело за следење на правичната застапеност. Денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ заедно ја изгласаа одлуката“, соопштија од СДСМ.
Како што нагласија од партијата, граѓаните можат да ја забележат „манипулацијата и лажниот јавен конфликт“ меѓу двете страни.
„ВМРО-ДПМНЕ гласа за одлуките на оние за кои вели дека ќе ја дестабилизираат државата“, додаваат од партијата на Венко Филипче, прашувајќи што друго договориле двете партии.