Мицкоски рече дека располагаат со дополнителни информции околу планот на ДУИ со кој сакаат да ја доведат државата до дестабилизација.
“Па има дополнително. Одѕивот кој што е на терен, од тоа што ние го имамаме како информација, е многу лош, кактастрофално лош, бидејќи граѓаните се свесни дека поединци кои што заговараат таков тип сценарија од голтари во политиката станаа милионери и сфаќаат дека тие не се кредибилни за да можат да ги анимираат граѓаните за да излезат на таков тип на протести.
Бидејќи тие сакаат да го штитат капиталот кој што го стекнале во овие 20 години, не дека навистина имаат некаква реална потреба од такво нешто. Од друга страна, исто така, доаѓаат информации дека се обидуваат да анимираат критична маса во соседството која би ги поддржала на тие протести.
Но, секој протест кој што е демократски, мирен е добредојден, затоа што ние не можеме да бидеме позитивни за сите, не можеме за луѓе кои изгубиле позиции на власт, на моќ, кои акумулирале огромен капитал да бидеме добри за нив, бидејќи се бориме против таквите.
Против политички криминалци и измамници се бориме, исто како и против сите криминалци бидејќи мора да има правна држава и мора да владее правото”, рече премиерот Мицкоски.
Тој при тоа нагласи дека доколку има насилство, државата и институциите се подготвени да одговорат соодветно и да го заштитат територијалниот интегритет и суверенитет на државата.