Документот покажува дека Владата се согласила да нема распуштање на советите

Македонија се согласила да нема распуштање на Судскиот совет, ниту на Советот на јавни обвинители.

Документот за обврските што ги презеде Македонија, како дел од реформската агенда за Планот за раст до кој дојде Телма, откриваат дека Владата се согласила да нема распуштање на Судскиот совет, ниту, пак, распуштање на Советот на обвинители.

Во делот за имплементација и подобрување на регулаторната рамка за Судскиот совет пишува „Нови членови на Судскиот совет (кои ги заменуваат оние на кои им е истечен мандатот) избрани согласно изменетиот закон“.

Рокот за спроведување на обврската е декември 2025-та.

Претходно, во истот дел е усогласено и донесување на нов закон за Судски совет, во согласност со препораката што ја даде оценката мисија на ЕУ за работата на Судскиот совет во септември минатата година и мислењето на Венецијанската комисија.

Обврска што треба да се исполни до јуни 2025 година. Во делот на подобрување на судскиот интегритет преку ревидирање на процесите на регрутирање, селекција, именување, оценување, унапредување, преместување и разрешување на судии и обвинители, се наведува донесување и навремено имплементирање нови Закон за јавно обвинителство и нов Закон за Советот на јавни обвинители, во согласност со правото на ЕУ и европските стандарди, вклучително и мислењето на Венецијанската комисија.

Според документот, рокот за спроведување на оваа обврска е декември 2025 година. Во однос на платите на судиите и обвинителите, усвојување на измени на законите е предвидено до јуни идната година.

Со потпишувањето на документот Македонија ќе има на располагање 700 милиони евра.

Европски пари од кои дел ќе бидат грантови, а дел заеми. Со потпишување, односно ратификација на договорот, што се очекува да се случи до септември, Македонија ќе ги добие првите 70 милиони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*