Афрона Вервизоли е разрешена од главен ревизор за инструментот за претпристапна помош.
На нејзино место е назначен Арбен Рамадани. Тој, како што соопшти Владата, е самостоен ревизор во Секторот за унапредување на ревизијата.
Учествувал во изработка на стратешки документи, краткорочни и долгорочни стратешки планови во развој на ревизорското тело и ревизијата и ја следел примената на нивното спроведување.
Работел и како виш ревизор во Секторот за ревизија на ИПА областа.