ДКСК формира предмет за назначувањето на Вервизоли за генерален ревизор на ИПА

Во антикорупциската комисија вчера стигнала анонимна пријава дека несоодветно и нестручно лице е поставено за главен ревизор на Ревизијата на претпристапната помош.

На таа позиција минатата недела, владата ја назначи Афрона Верзиволи која нема никакво ревизорско искуство ниту пак има соодветен ревизорски сертификат. Од ДКСК потврдија дека веднаш е формиран предмет по анонимната претставка.

До Ревизорското тело за ИПА фондови во Скопје е доставено барање за информации кои законски услови се потребни за некој да биде назначен на оваа важна позиција задолжена за контролира дали европските пари се трошат ефикасно и наменски.

Покрај тоа се бара и информација за тоа дали Афрона Вервизоли ги има потребните сертификати и дали ги исполнува законските услови за да биде главен ревизор за ИПА фондовите.

Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска за Телма потврди дека предметот е отворен, а Ревизорот има 15 дена да одговори на нивното барање. Во меѓувреме може да стигнат и информации од владата која ја назначи Верзиволи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*