Седница на Централното претседателство на ДУИ

Во средата седница одржа Централното претседателство на ДУИ.

Во врска со коментарите на премиерот Христијан Мицкоски за наводен план за дестабилизација на државата, се вели дека ќе ги искористи сите демократски механизми, без да се исклучи можноста за протести.

Партијата ја повика владата да го почитува, како што рече, етничкиот легитимитет и додаде дека ќе инсистира да се почитува волјата на граѓаните.

Сепак, ДУИ не претстави конкретни мерки што планира да ги преземе.

За таа цел, ќе се консултира со членството, како и со странски и домашни експерти, а ангажираше и еден од авторите на Охридскиот рамковен договор, американскиот експерт Пол Вилијамс, бидејќи смета дека договорот различно се толкува, поради што партијата е во сегашната позиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*