Случај Монструм: Поднесени барања за екстрадиција на Демири и Исмаиловиќ

Министерот за правда Игор Филков соопшти дека ги потпишал барањата за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, двајцата доживотно осудени за случајот ,,Монструм” за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Барањата се веќе доставени до Министерството за правда на Косово и се чека одговор од нивна страна. Последен пат, екстрадиција била побарана во 2018 година. На ова и претходеле барања до Република Косово за овие екстрадиции во повеќе наврати, но сите биле одбиени. На 08.10.2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива , а за Демири нема одговор.

Во постапките , се што е побарано од косовските власти веќе е доставено. После 6 години повторно се бара нивна екстрадиција, соопштија од МП

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*