ЦУК бара да се вклучиме во НАТО механизмот за помош – така може да се донесат искусни пожарникари Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов информира дека денеска седница одржувала Управувачкиот комитет, на која донеле одлука за да им предложат на Владата за ангажирање на НАТО механизмот за помош.
-Денеска имавме седница на Управувачкиот комитет, на која донесовме одлука да предложиме на Владата да се ангажира и т.н. НАТО механизам за помош кој во суштина ги нуди истите работи како и механизмот на Европската унија, но преку него можеме да бараме помош во пешадија односно помош во искусни пожарникари. Во овој момент таква потреба немаме, но истата може да се појави во текот на денот. Во овој момент имаме доволен број на пожарникари, рече тој Од 66 пожари, повеќе од 40 се изгаснати.
Ангелов рече дека состојбата на државно ниво е тешка, но не и алармантна. Според Ангелов, пожарите кои во моментов се најсериозни и претставуваат опасност се пожарите во регионот на Пехчево, во Старо Нагоричане, во Кратово. Активни пожари има и во Македонски Брод, Свети Николе и во регионот на општина Куманово.