Коалицијата „Вреди“ не се откажува од идејата за албанска Академија на науките и уметностите, повикуваат на поддршка за нивното изборно ветување, кое велат дека ќе биде решение за крај на дискриминацијата на Албанците интелектуалци во научната дејност. Иако сите академици, меѓу кои и потпретседателот на МАНУ Алајдин Абази не се согласуваат со овие аргументи и сметаат дека паралелна академија не може да постои, од коалицијата тврдат дека МАНУ не е инклузивна институција во која има простор за Албанците и ова е единствен начин тоа се промени.
„Во светот постојат две три академии во рамки на една држава, нема потреба да се става трн во око за вакви идеи.. Ако не се лажам, тоа се Белгија, Финска, Босна, може и во Србија- војводинска и српска академија.. Значи имаме и во регионот и во светски развиени држави.“
Сепак, премиерот Мицкоски и денеска повтори дека оваа идеја е неприфатлива, со оценка дека е политички маневар на неговите коалициони партнери. Дециден е дека во науката нема поделба по етничка линија.