Неколку предлог-закони поднесени од претходната Влада се повлечени од процедура

Министерот за јавна администрација Горан Минчев информира дека министерството согласно законските надлежности, ги повлече Законите од Собраниска процедура поднесени од претходната Влада, и тоа: предлог Законот за административни службеници, предлог Законот за вработени во јавниот сектор и предлог Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.

Новата законска рамка треба да го подобри управувањето со човечките ресурси во администрацијата и да обезбеди вработување и унапредувања засновани на заслуги.

Изминатиот период остварив повеќе средби со претставници на граѓански и невладини организации, синдикати како и меѓународни организации, кои исто така ја нагласија потребата од доработка на законите.

За таа цел, почнувајќи од утре, Министерството за јавна администрација организира процес на консултации преку организирање на кампања под мотото: „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*