Политичката партија Левица најави дека ќе поднесе интерпелација за Антонио Милошоски, потпрестседател на Собранието.
Како што истакна на прес конференцијата пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил интерпелацијата е за негово учество на работна сесија на четвртиот Самит на ИПАК, најголема неформална група на пратеници која е формирана како одговор на кинеското ширење на интересите во светот.
Циркузијада од Левица која не учествува во работата на Собранието кога се разгледуваат сериозни точки – коментираат во ВМРО-ДПМНЕ за најавената интерпелација на Милошоски.