Академик Абази верува дека две академии не се потребни

Потпретседателот на МАНУ Алајдин Абази за Канал 5 вели дека има одредени работи околу албанскиот јазик и култура кои треба да се подобрат, но е против идејата за формирање на посебна албанска академија на науките и уметностите.

“Имаме една Академија и таа е за сите. Не може да има две национални академии на науките и уметностите. Има одредени работи кои треба да се подобрат околу Албанскиот јазик, култура и историја, и тоа би можело да се направи како посебно одделение во рамките на МАНУ со нови академици. Точно е и дека има проблем во техничкиот персонал, но сето тоа може лесно да се подобри. Што и да се преземе треба да биде во рамки на МАНУ а не да се формира посебна академија”, вели Абази.

За вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Стоилковиќ пак најавите на коалицијата Вреди се политичка импровизација.

“Станува збор за гола политичка импровизација. Очигледно е дека дел од коалиционите партнери во Владата пред се заради нападите кои доаѓаат од ДУИ мислам дека се обидуваат да ја зацврстат својата власт”, изјави Иван Стоилковиќ – Министер за односи меѓу заедниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*