Милошоски и Битиќи се соочија со притисок од Кина да не присуствуваат на самитот на IPAC

Кина им вршела притисок на пратениците во Собранието на Македонија Антонио Милошоски од владејчата ВМРО-ДПМНЕ и  Фатмир Битиќи од опозициската СДСМ да не одат на Тајван, објави Асошиејтед Прес.

Новинската агенција имала увид до порака испратена до Милошоски.

“Јас сум Ву, од кинеската Амбасада. Слушнавме сте добиле покана од ИПАК. Ќе присуствувате ли на конференцијата што ќе се одржи следната недела во Тајван” – гласела пораката.

По овие информации од АП засега нема реакција од македонските пратеници Милошоски и Битиќи.

Според агенцијата слични пораки биле испратени и до политичари во БиХ, Словачка, Колумбија.

Инаку, станува збор за патување во Тајпеј, Тајван на Самит на интерпарламентарна алијанса за Кина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*