Коментирајќи ја иницијативата на ВЛЕН за основање академија на етнички Албанци, Академијата на науките и уметностите рече дека отсекогаш била отворена за сите граѓани кои ги исполнуваат високите критериуми за членство, без разлика на етничка, верска или каква било припадност.
Од основањето, се додава, има членови од сите етнички заедници.
„Потенцираме дека, како и во случајот со земјите од регионот и секаде во светот, постои само една национална академија која ја претставува земјата во рамките на европските и другите меѓународни асоцијации на академии“, велат од Академијата.