Министерот Муцунски се сретна со амбасадорите Гир, Силвестри и Памер

Министерот Муцунски денес на средба со неколку амбасадори.

На средбата со амбасадорот Гир, беше реафирмиран силниот фокус на новата Влада кон забрзување на евроинтегративниот процес на земјата и испорачување на реформи кои ќе значат опиплив напредок за граѓаните, пред се во делот на обезбедување економски развој и унапредување на владеењето на правото и борбата со високата корупција.

Беше уште еднаш истакната и важноста на евроинтегративниот процес за стабилноста на регионот и, во таа смисла, потребата од што поскоро интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ, имајќи го предвид актуелниот геополитички контекст.

Во разговорот со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри, беа поздравени билатералните односи и готовноста за нивно зајакнување особено во делот на културата и економијата. Воедно, заеднички учествуваа на церемонија по повод доделувањето сертификати на наши дипломати за успешно завршен курс по италијански јазик.

Ваквиот пристап претставува уште една дополнителна потврда за готовноста за зајакнување на културните врски и приближувањето на двете пријателски земји.

Со амбасадорот Памер, заеднички беше констатирано дека и покрај постигнатиот обем на трговска размена, сѐ уште има голем простор и услови за продолжување на трендот на зголемување на трговската размена меѓу двете земји.

Имено, со Австрија, како наш најголем инвеститор, партнер и пријател на нашата земја, економската соработка, инвестициите и трговските односи треба и понатаму да се охрабруваат.

Покрај разменета на мислења во врска со билатералната економска соработка меѓу двете земји, беа претставени и економските приоритетите на Владата за привлекување на странски инвестиции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*