Владата на седницата во средата го задолжи Министерството за финансии да подготви закон со кој ќе се регулира финансиската соработка со Унгарија за заемот од 500 милиони евра.
Исто така, на седницата, Министерството за транспорт соопшти дека успеало да постигне согласност со изведувачот на автопатот Кичево-Охрид, SINOHYDRO, да ја повлече арбитражата пред парискиот суд во процесот против ЈП за државни патишта.
„Ова значи дека се заштедени над 50 милиони евра. Парите ќе беа потрошени доколку продолжи арбитражната постапка“, велат од Владата.
Министерството за финансии на седницата соопшти дека на струмичкиот автомат клуб ARENA GAMING му е одземена лиценцата за приредување игри на среќа поради неплаќање данок и незаконско работење.
Воедно, како што соопшти Владата, е констатирано дека Националната лотарија противзаконски давала лиценци за приредување игри на среќа.
„За тоа ќе бидат известени релевантните истражни институции“, се додава во соопштението.
На седницата беа донесени и бројни кадровски решенија.
Владата му препорача на Управниот одбор на ЈП за државни патишта да го избере Назим Таипи за в.д.
Како што образложи и Владата, како резултат на неправилностите откриени од Управата за извршување санкции, Филип Андов е разрешен од функцијата началник на Затворот во Шуто Оризари.
Бобан Утковски е новиот, в.д., раководител на институцијата. И другите затвори во Скопје и другите градови добија нови, в.д.