Тројцата инженери од српската фабрика за производство на оружје и муниција „Крушик“ кои вчера беа уапсени поради, како што соопштуваат српските медиуми. Сомнежи за шпионажа во корист на компанијата „АТС груп“ од Македонија, денеска ќе бидат сослушани пред Вишото јавно обвинителство во Ваљево.
Во соопштението на српското министерство за внатрешни работи е наведено дека: -Осомничените М.О. (1987), Д. Л. (1960) и Д. М. (1961), се поранешни и сегашни инженери во холдинг компанијата „Крушик“ од Ваљево, кои од оваа фирма неовластено изнесувале доверлива деловно-техничка документација и ја предавале на странска организација, на штета на безбедносните, одбранбените, воените и други интереси, како и слабеење на моќта на Република Србија– МВР на Р. Србија.
Повикувајќи се на полициски извори, српските медиуми објавија дека при претресот во нивните станови биле пронајдени документи од „Крушик“ за таканаречените барути со слаб чад, со ознака „Службена тајна – доверливо, а кај еден од нив и договор за вработување со македонската компанија „АТС груп“ која е во сопственост на Шевкет Демировски. Во врска со случајот српскиот претседател Александар Вучиќ не откри многу детали, но рече дека знае кој е нарачателот.
– Ова трае долго време, тоа го прават од сите страни. Ова го следиме долго време. Точно знаеме за кого станува збор, преку кого тоа ишло и кој бил и кој требало да биде крајниот корисник. Северна Македонија е проточен бојлер, точно е еден од тие лица, но е проточен бојлер на некои други служби во регионот, изјави Вучиќ.
Осомничените се наоѓаат во притвор, според инфорациите на РТС имале континуирани контакти со државјани на Македонија, вработени во компанијата „АТС груп“, на Шевкет Демировски. Инаку Демировски беше во 2019 година во акција српските служби поради сомневања дека преку пензиониран инженер во „Први партизан“ дошол до деловно-техничка документација и податоци поврзани со технологијата на изработка на оружје и муниција која ја развива „Први партизан“. Подоцна кривичната пријава против него беше отфрлена.
Демировски го претстави својот нов Советодавен одбор на чие чело е пензионираниот генерал на американската армија Џејмс Л. Џонс, кој беше командант на американските маринци (1999-2003), врховен командант на НАТО и американските сили во Европа (2003-2006), како и советник за национална безбедност на американскиот претседател Барак Обама (2009-2010) – пишуваат денешни Новости.