Пандов го критикува шефот на Идризово Андов за состојбата во затворот

Ниту Пабло Ескобар не излегуваше од затворот како нашиве затвореници – вели првиот човек на Управата за извршување на санкции Александар Пандов кој со инспектори во петокот извршил вонреден надзор во Затворот-Скопје кога недостасувале 11 затвореници.

Директно го обвини директорот на затворот Филип Андов дека со усна наредба преместувал затвореници во отвореното и полуотвореното одделение за да можат да излегуваат кога сакаат.

Пандов за состојбата во затворите рече дека го известил и премиерот Мицкоски, побара Обвинителството и полицијата да отворат истрага за однесувањето на директорот на Затворот-Скопје, но најави и инспекциски надзори во останатите затвори.

СДСМ пак го обвини Пандов дека само за две недели директорување на времен отпуст биле пуштени од затвор четворица осудени за 27-ми април. Пандов вели точно е.

Потпишал и за други лица бидејќи нема право да не дозволи лекување кое е поткрепено со специјалистички наоди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*