Милошоски и СДСМ ја критикуваат ДУИ за автентичното толкување на ОРД

Идејата за автентично толкување на Охридскиот договор со образложение дека се прави за спречување на мајоризација во земјава, премиерот Мицкоски викендов ја оцени како политички памфлет и обид за нарушување на унитарноста.

Коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ велат дека ДУИ отвора етнички теми поради тоа што веќе не се на власт.

“Најголемата болка на ДУИ е што во моментов се во опозиција и тоа се уште не можат да го прифатат и одат на вакви некои теми полни со национализам”, изјави Антонио Милошоски – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

И за опозициската СДСМ е неприфатливо да се озакони принципот на „победник со победник“, бидејќи според закон и Устав, влада се формира со мнозинство во Собранието.

„Секој глас на граѓаните е еднаков и оттука несоодветни би биле законски измени по етнички клуч.“, велат оттаму и додаваат дека право на секоја партија е да избере коалициски партнер, пред или по изборите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*